Цветелина Јанева вчера ги изненади своите обожователи со премиерата на долгоочекуваната песна „Черните очи“, по која таа и нејзиниот тим работеа со месеци и официјално ја претстави по телевизија Планета, но може да ја слушнете и во нејзиниот официјален канал во YouTube – Tsvetelina Yaneva.
„Черните очи” е дело на композиторот Јорданчо Василковски – Оцко и Георги Симеонов JJ, со аранжман на Даниел Ганев, додека пак стиховите ги напишаа Анастасија Мавродиева и Росен Димитров. Режисер на видеото кое е минифилм е на познатиот режисер Виктор Антонов – Rikk, за кое сме сигурни дека долго ќе се зборува и ќе влезе во категоријата на најгледаните песни оваа сезона.
Дали ви се допаѓа новиот проект на Цветелина ќе научиме од вашите коментари.
Автор: адв.м-р Наташа Секуловска