Aлександра Пријовиќ важи за една од најпознатите српски пејачки на музичката естрада. Нејзиниот нов музички албум „Звук тишине“ доживеа голем успех оваа лето и неговите песни бројат милионски прегледи на Јутуб, а исто така се едни од највртените и по клубовите и радиостаниците низ целиот Балкан.
„Во студиото бев деноноќно, али најтешко ми беше кога ги снимав спотовите. Затоа што тие снимања секогаш се напорни и по 15 часа дневно, али сега тоа не е важно, се излезе онака како што имав замислено. Пресреќна сум, затоа што на овој албум работев доста долго и наиде на позитивни реакции“ – изјави Александра за telegraf.rs.
Имено, албумот брои 7 (седум) чисто нови песни и 6 (шест) бонус траки, а Александра за telegraf.rs откри и која и е нејзината најомилена песна:
„Тоа е „Ја сам одлично“ и кога завршивме со снимањето на сите песни и кога го преслушав целиот албум си реков „тоа е тоа“. Песната „Звук тишине“ ми е посебна, затоа што е дело на Филип и знаев дека таа песна ќе биди хит“.
Во прилог, преслушајте го целиот албум:
Автор: адв.м-р Наташа Секуловска
Фото: Александра Пријовиќ
©Estradaworld.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.