Бриана, која е добро позната на македонската публика, откако во јануари стана мајка по втор пат и на свет го донесе својот син Венимир, таа ги израдува сите љубители на попфолк музиката со два нови видеоклипови кон добро познатите нејзини хитови, песните „Сега и завинаги“ и „Грешка“.
„Спотовите ги снимавме на нашето море и истите се реазлизирани од страна на Media Frame, за кои се надевам дека ќе ви се допаднат. Во спотот за песната „Сега и завинаги“ учествуваа мојот сопруг Евгени Систов и мојата мала принцеза Ивајла“ – сподели за нас Бриана.
Исто така, последните неколку месеци откако се врати на сцената и се доста пренатрупани на пејачката, која има закажан настап речиси секоја вечер, доказ за тоа е нејзината агенда, а сношти настапи со свој голем концерт во градот Провадија, исполнувајќи ги своите хитови, но и омилени народни песни. Таа екслузивно ни откри дека изненадувањата за нејзините обожователи не завршуваат тука, затоа што подготвува нови проекти.
Автор: адв.м-р Наташа Секуловска