Джена на врвот цели 17 години – прославува со нова песна!

Бугарската попфолк дива Джена, вчера прослави успешни 17 години на музичката сцена, откако е дел од од музичкото семејство на компанијата „Пајнер“ во соседна Бугарија и важи за изведувач со најголемите хитови кои се пејат скоро повеќе од деценија на секоја прослава и концерт.

Годината и започна ударно со авторската песна „Не се извинявам” (Не се извинувам) која за месец дена има речиси два милиони прегледи во нејзиниот официјалниот канал во YouTube-Djena и веднаш  успеа да го привлече вниманието на публиката, бидејќи вистинскиот спој на музика и силен текст се тајната формула за успех на изведувачката низ сите нејзини години на музичката сцена.

„Ви ја подарувам оваа песна, бидејќи таа е направена за Вас! Неа ја подготвував долг период и во неа си ја излеав целата моја душа и се надевам ќе допри до вас, како што допре и до  мене!“ – изјави Джена.

Тимот на estradaworld и ги честита 17 -те години на сцената, за кои имаме само најубави спомени и направени интервјуа низ годините и и посакуваме секогаш да си остани професионалец во својата работа, оставајќи зад себе  безброј успешни години, полни со хитови и многу концерти.

Автор: Наташа Секуловска
Фото: Планета ТВ
©Estradaworld.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *