![]() |
Северина |
„Ти не го познаваш светот толку добро како јас, кога си млад им веруваш на сите, а не знаеш какви се луѓе има…“ со овие стихови започнува новата песна на Северина – „Rođeno moje“ (Родено мое) која беше качена на нејзиниот YouTube канал пред неколку дена.
Моментално песната е на прво место по гледаност во YouTube, регистрирајќи над 4.000.000 милиони прегледи, предизвикувајќи лавини од коментари низ социјалните мрежи, затоа што моментално ова е нејзината најемотивна балада, а е посветена на нејзиниот син Александар.
„Ова е една голема песна, во која може да се пронајди секој родител и секој човек. Кога Милош ми ја испрати во мене веднаш предизвика ерупција од емоции и веднаш ја запишав. Пораката на песната е безусловната љубов“ – изјави Северина.
Станува збор за песна дело на композиторот Милош Рогановиќ, која е снимена во Загреб, а видеото беше изработено во Љубљана.
Во прилог погледнете ја:
Автор – Наташа Секуловска
Фото – Северина