(Видео) Вања изненадува со песна во ориенталски стил

Во текот на месец август бугарската пејачка Вања ја претстави својата најнова песна, со ориенталски стил која носи наслов „Дубай“.

Песната е по музика и текст на самата пејачка, со аранжман на Мартин Биолчев. Видеото беше претставено со текстуална верзија (lyrics video)  во официјалниот канал на телевизија Планета во YouTube – PlanetaOfficial.
„Дубай” е  еден експеримент, затоа што е нешто различно. Песната не е комерцијална, но сакав да ја пуштам баш сега“ – сподели Вања за нас.

Во прилог, погледнете за што станува збор:
Автор – Наташа Секуловска
Фото – Планета Тв

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *