По повод 31 година од прогласувањето на независноста на нашата држава, Сања Ристеска одлучи да ги поздрави сите македонци со нова модерна верзија, кон добро познатиот наш бисер, а имено песната „Оган да го гори“.
Таа оригинално е отпеана во 1992-рата година по музика и текст на легендарниот Гоце Николовски и се уште ја паметиме по одличните изведби на Групата „Бисер“, Војо Стојановски и Сузана Спасевска.
Видеоспот е снимен во Крушево и е реализиран во продукција на „Арт студио” и Balkan Music Tv, со аранжман на композиторот Дејан Момировски (XL Studio), но овој пат своја празнична музичка нота во неа дава и Џељо Дестановски со своите зурла и кавал.
Во прилог, погледнете ја песната во својата нова модерна верзија:
Автор: адв.м-р Наташа Секуловска