Дарко Илиевски во ново светло со „Она сака“


Дарко Илиевски по подолгата пауза, денес ги израдува фановите со нова песна. Најновиот проект на младиот пејач го носи насловот “Она сака“ и е комплетно негово авторско дело, додека пак мастерингот е правен во студиото на Раде Врчаковски-Врчак.


Видеоспотот беше снимен на повеќе локации меѓу кои и во  Хотел „Милениум“ во Охрид, а во неговата организација учествуваа голем број на луѓе- статисти, танчери од школата на балетско студио „БАХ“, моделот Наташа Неделковска, како и голем број сценографски и костимографски реквизити пренесуваат од Горила продукција.  За реализацијата на спотот беа задолжени Владимир Ивановски – Дади и Горан Костадинов во продукција на Горила Филмс.
Дарко открива дека искрено се надева дека песната ќе и се допадне на публиката, бидејќи е нешто сосема поразлично од се она што досега го има представено.

Автор: Наташа Секуловска

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *