Ексклузивно: За прв пат во Франција – Джена, Кали и Илијан со голем концерт оваа вечер


Добро познато е дека хитовите на телевизија „Планета“достигнуваат до сѐ поголема публика, благодарение и на многубројните покани за настапи на нејзините изведувачи.

Докажано е дека, најчести се нивните концертите во Велика Британија, Белгија, Германија, Македонија, Турција, Холандија, САД, Канада, но во последно време расте интересот и во Франција.

Денес (18.11) Джена, Кали и Илијан ќе бидат специјални гости на големиот концерт кој ќе се одржи во Тулуза (Франција), каде што познатите имиња на музичката компанија „Пајнер“ и „Планета ТВ“ ќе го дадат најдоброто од себе во салата на хотелот “Palladia”, ветувајќи добра забава и весело расположение. Покрај нивните големи хитови, забавата нема да помини и без добро познатите народни песни, кои секогаш се едни од најбраните кога изведувачите имаат свои настапи во странство.
Автор – Наташа Секуловска
Фото – Планета ТВ

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *