Азис предизвика вистинска еуфорија помеѓу фановите со песната „Хабиби“. Парчето е по музика и текст на пејачот, додека пак за аранжманот беше задолжен Мартин Биолчев.
“Со него се чувствувам слободен да создавам, дури и во два часот после полноќ. Имаме заеднички јазик и чувство за музика. Ми помага исклучително многу и ме слегува на земјата, кога треба. Ете тоа е е совршениот баланс помеѓу мене, музиката и публиката. “ – сподели популарниот пејач.
Со вокали во песната учествува и најголемата ѕвезда на Diapason Records-Тони Стораро, во чие студио се оствари и записот на песната. Иако не се чувствувал добро, Тони веднаш се вклучил во работата по песната “Хабиби” и предложил неколку идеи на својот близок пријател и колега. Парчето веќе за неколку дена има над 1 милион прегледи на YouTube, а нивниот број расте секоја минута кое е доказ за популарноста на песната и затоа колку многу им се допадна на фановите судејќи по позитивните коментари.
Автор: Наташа Секуловска
Фото: Елиана Василева