Саша Ковачевиќ предизвика вистинска еуфорија помеѓу фановите со неговата најнова песна „Rodjendan“. За кратко време од својата премиера во Youtube каналот на пејачот, проектот беше примен доста добро и веќе е гледан над 700.000 прегледи за три дена.
Песната е по музика на самиот пејач и на неговиот брат Раде, додека пак текстот е на Милош Рогановиќ. Аранжманот е дело на двајцата талентирани браќа Ковачевиќ, Dimitris Dekos и Akis Elefteriadis. Фановите се категорични дека Саша повторно успеал да ги изненади со уште еден хит, поднесен со забавно видео коешто е дело на режисерот Душан Ивановиќ.
Наскоро се очекува уште една музичка премиера од српската ѕвезда, а тоа е појавата на неговиот нов албум.
Автор: Наташа Секуловска