Емилија и Тони Стораро ја претставија својата прва дуетна песна „Питбул“.
Песната е по музика на композиторот Николај Пашев, додека пак за текстот се погрижи Росен Димитров. Видеото е режисирано од страна на режисерот Људмил Иларионов – Љуси. Новиот проект се појави во официалните YouTube канали на Планета Тв и Фен Тв, а ние ексклузивно ви го претставуваме. Дали ви се допаѓа и сметате дека ќе стане летен хит ќе научиме од вас. Уживајте 🙂
Автор: Наташа Секуловска