Галена ги изненади со прекрасна вест своите многубројни обожователи, откако во својата официјална страница во Facebook напиша “Кога животот навистина има смисла!” и објави позитивен тест за бременост.
Ако е вистина радосната веста, пејачката и нејзиниот сопруг ќе станаат родители по втор пат. Галена даде живот на својот првороден син Стефан на 22 јуни 2009 година, кога кариерата и беше во супер подем.
А, денес е една од најбараните пејачки не само низ Бугарија и во странство, а нејзиното име значи стил и креативност. Факт е дека нејзиниот последен проект “Пей, сърце” со Цветелина Јанева и Азис, ги покори сите музички листи. За малку повеќе од два месеци видеото има блиску 12 000 000 прегледи во Planeta Official во You Tube.
Автор- Наташа Секуловска