Среќна Нова година на сите наши верни читатели, со желби за здравје, љубов и само да ви се случуваат убави мигови!
Големите очекувања, како што вели народот, секогаш раѓаат разочарувања, но поговорката гласи дека и ако сонуваме за убави и големи работи, ние ќе имаме можност нив и да ги доживееме.
Затоа денес смело влегуваме во 5-та година од нашето постоење. Без Вас ние немаше да бидеме тука. Немаше да ги направиме сите тие интервјуа со познатите музички ѕвезди на Балканот и покажавме уште еднаш дека музиката нема граница. Таа не познава ни вера, ни нација, затоа сакајте се и верувајте дека добрата музика, како и убавиот збор отвораат железни врати!
Ние ви ветуваме дека оваа година ќе се покажеме во најдобро светло досега, така да очекувајте многу изненадувања од нас!
Со љубов,
Главен уредник
М-р Наташа Секуловска