(Видео) Зимска приказна во новиот спот “Краят с мен” на Цветелина Јанева

Исклучително продуктивна и успешна е 2018 –та година за бугарската пејачка  Цветелина Јанева. 

Во изминатите неколку месеци пејачката ја изненади публиката со неколку хитови проекти, а пред неколку дена ја представи и својата најнова балада  “Краят с мен” за која предизвика многубројни коментари низ социјалните мрежи, покажувајќи го уште еднаш својот неверојатен музички талент.
Музиката и аранжманот на песната се дело на Diamond Beat Production, а текстот е создаден од страна на Анастасија Мавродиева и Росен Димитров, додека пак режисер на видеото кое ја воодушеви публиката  е познатиот режисер Николај Нанков, кој е заслужен за неверојатните спотови кои ги претставува пејачката  последните неколку години, а кои се  во тон со светските трендови.

Автор – Наташа Секуловска
Фото – Планета ТВ

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *