(Видео) Екстра Нина: Среќна сум што ги изненадивме обожователите со Весела

Ектра Нина важи за една од најпознатите бугарски попфолк пејачки, која својата кариера ја има започнато уште во раните 90-те години на минатиот век. Имено, таа одлучи заедно со нејзината колешка Весела по повод Новогодишните и Божиќните празници да ги изненадат своите обожователи со нешто ново.

„Мојата нова песна се вика „Царицата“ и е по музика и аранжман на Мартин Биолчев, а текстот го напиша Јордан Георгов. За гост изведувач ја поканив мојата колешка и пријателка Весела, со идеја да ги изненадиме обожователите кои се сеќаваат на нашите дуети и тоа најмногу за „Блодинка“. Видеоспотот е снимен во Бугарија и тоа по моја режија и сценарио“-сподели Екстра Нина за нас.

Ексклузивно ви откриваме дека во првите денови на 2019 година ќе имате можност да слушните и  нова народна песна во изведба на позната музичка ѕвезда.

Автор – Наташа Секуловска
Фото – Лична архива

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *