Ексклузивно: Симона и посвети песна на својата ќерка Галина по повод првиот роденден!

 

На 25-ти февруари беше прославен првиот роденден на Галина – внуката на бугарската ѕвезда на телевизија Планета – Глорија, како и нејзината крштевка.

По тој повод, малата наследичка беше крстена  во Драгалевскиот манастир во Бугарија, а на прославата присуствуваа нивни најблиски роднини и пријатели, а еден од најубавите подароци кои ги доби од присутните,  беше песната посветана на неа специјално од нејзината мајка – Симона Загорова, ќерката на Глорија, која по тој повод изјави:

Ви претставувам една песна која ја напишав за десет минути и во која ја вложив целата моја љубов и душа. Песната „Галина“ е мојот подарок за првиот роденден на мојата ќерка. Ќе слушнете мелодија исвирена со флејта од мене, која ми значи многу, а кон крајот на песната ќе го слушнете и првиот плач на Галина веднаш после раѓањето. Благодарам на Калин Димитров за волшебниот аранжман и на Иван – Чери за прекрасната гитара која ја исвири. Благодарам на Мартин Тодоров, Петар Башлиев и Ивелин за кадрите и монтажата.

Празникот беше вистинска приказна, проследена во циклама, бела  и златна боја, која долго ќе се памти, а со своите хитови „Не сме безгрешни” и „По навик” – Глорија и Илија Загоров ги поздравија сите присутни, кои присуствуваа на прославата.

Во прилог, слушнете ја песната „Галина“, а тимот на  Еstrada World  и посакува среќно и безгрижно детство на малата Галина:

Автор: адв.м-р Наташа Секуловска

Фото: Камен Влканов

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *