Бугарската пејачка Роксана пред неколку дена сними нов спот кон нова песна. По тој повод таа излезе со официално соопштение во социјалната мрежа Facebook.
– „Видеото кон мојата нова песна веќе е факт. Вчера со режисерот Јордан Петков повеќе од 12 часа дадовме се од себе за да ви претставиме нешто убаво. Се надевам до крајот на месецот клипот да е на екран. Повеќе за самата песна ќе ви кажам малку подоцна“ – напиша пејачката.
Потсетуваме дека фолк ѕвездата на “Пајнер” им овозможи на фановите да учествуваат во нејзиното ново видео. Но, каква песна и спот ќе претстави после појавата на нејзиниот прв албум ова лето, останува да дознаеме за неколку дена, но во прилог ви претставуваме дел од атмосферата на снимањето на спотот.
Автор: Наташа Секуловска