Една од најголемите балкански музички ѕвезди Светлана Ражнатовиќ – Цеца, непосредно пред да замине на семејно патување во Канкун со своите најмили, сподели со јавноста кои се нејзините планови за Новата година, дали конечно ќе издаде нов музички албум, како и по што ќе ја памти 2018-та година на приватен и професионален план.
„Минатата година ми беше прекрасна. Што се однесува до мене и 2019 нека биде таква, па и подобра, зошто да не?! Го подготвувам новиот албум, а се надевам дека ќе успеам да го завршам и да и го претставам на публиката. Искрено, секое објавување на нов албум за мене претставува голема радост. Што се однесува до моите деца, Вељко имаше успешна година во боксот, а Анастасија ја објави првата песна која помина исклучително успешно. На двајцата сум многу горда и мислам дека ниедна работа на овој свет не може да ги замени тие радост и среќа. Од друга страна и двајцата се во стабилни емотивни врски“.
„Од оваа перспектива и со ова животно искуство, сметам дека постојат циклуси што завршуваат во животот, како професионални, така и приватни. Луѓето се среќаваат и се разделуваат. Сето тоа е составен дел од животот“, заклучи пејачката во изјавата за познатото списание „Убавина и Здравје“.
Автор – Наташа Секуловска
Фото – Лична архива