Ивана: „Подготвувам нов музички албум“

Ивана


Ивана кои многумина ја нарекуваат „душата на попфолкот”, а други – „пејачката на народот”, пред весникот „Всичко за семейството” (Се за семејството) во соседна Бугарија, ексклузивно и отворено говори за музиката и личниот живот.

„Секогаш сакам во што и да е, дури и во едно обично постирање на социјалните мрежи, во една песна, да има мој знак. Да не е само качено или направено, затоа што некој друг веќе го правил нештото и јас да тргнам по неговиот пат, кој е добро познат на другиот пред мене. Луѓето понекогаш не знаат да се шегуваат и не ја разбираат самоиронијата, која јас ја обожавам. Многу често ја користам и во интервјуата и во секојдневието“- искрена е Ивана.
Ивана

Исто така, пејачката меѓудругото одговара и на прашањето дали оваа година ќе издаде нов музики албум, иако искрено албумите веќе станаа еден вид на луксуз и не се издаваат често, имајќи во предвид да сите нови песни се поставени на дигиталните сајтови.

„Тоа ќе се песни кои низ последните 6 – 7 години излегоја во различни албуми, но неа беа собрани во мој самостоен албум. И така можеби останаа незабележани“ – дополни таа.

Во меѓувреме Ивана се радува на огромен успех на нејзината последна песна „Аз съм твоя”, која постојано жниее успеси и во првите 10 места на најслушани песни во соседна Бугарија.
Автор – Наташа Секуловска
Фото – Планета ТВ

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *