![]() |
Лепа Брена |
Една од најголемите балкански ѕвезди – дивата Лепа Брена, која многупати има докажано дека музиката нема граници и ги има поместено музичките стериотипи, овие денови сними нова песна и видеоспот со наслов „Одисеја на љубовта“ (“Odiseja ljubavi”).
Ова е прв пат како дивата соработува со режисерот Игор Кушичем, со кој снимаше неколку дена, а ќе имаме можност да ја видиме во едно сосема ново и поразлично светло за нас.
![]() |
Лепа Брена – „Одисеја на љубовта“ |
![]() |
Лепа Брена – „Одисеја на љубовта“ |
Исто така, убавите моменти за неа не запираат тука. Покрај премиерата на новата песна која е закажана за неколку дена, таа вчера го прослави својот 59-ти роденден во кругот на своето семејство и за прв пат со својот внук Александар. За љубителите на аналогниот звук им подготви плоча со нејзиниот последен албум „Zar je vazno da l’ se peva ili pjeva“, а може да го купите на сите поголеми купопродажни места низ Србија, како и да го порачате онлајн.
![]() |
Автор – Наташа Секуловска
Фото – Гранд продукција, Hello magazine