![]() |
Борис Дали |
Миленикот на бугарската попфолк естрада – Борис Дали пред да замини во месец септември на својата Американска музичка турнеја, ја претстави песната „ Пръскам хонорари“.
Таа е по музика и аранжман на Diamond Beat Production, додека пак текстот е соработка помеѓу Анастасија Мавродиева и Diamond Beat Production. Режисер и сценарист на видеоспотот е Људмил Иларионов – Љуси.
![]() |
Борис Дали |
Неговата Американска турнеја помина одлично во САД и Канада, а тој и покрај оптоварената програма и многубројните летови, успеа да посети многу од познатите места кои не успеа да ги посети претходниот пат кога гостуваше таму, а после враќањето во Бугарија продолжи со неговите настапи ширум земјата.
Автор – Наташа Секуловска
Фото – Планета ТВ