![]() |
Среќен роденден „Пајнер“ |
На 13-ти февруари свој 30-ти роденден прославува најпозната музичка продукција на Балканот –„Пайнер” .
Нејзините изведувачи оставија длабока трага во попфолкот и народната музика во соседна Бугарија, но во последно време продуцира и поп изведувачи. Станува збор за компанија која на македонската публика и е добро позната, затоа што кога во 2001 ја пуштија „Планета Тв“ направија вистински „бум“ и нема човек кој и до денес денес не ја гледа.
Низ годините компанијата изгради углед на угледна продукција која не се занимава со скандали, а за своите изведувачи го дава најдоброто. Доказ за тоа се и телевизиите кои се составен дел од неа, а тоа се како што напоменавме тоа се „Планета Тв“, „Планета Фолк“ која се појави 2007-та година и „Планета HD“ во 2010-та година, а нивниот офиицјален канал PlanetaOfficial во You Tube се радува на огромен интерес со 2.000.000 следачи. Да не заборавиме дека имаат одлични два сајтови www.planeta.tv и www.payner.bg , во кои екслузивно се откриваат првите вести за новите проекти и се што е сврзано околу нивните изведувачите.
Компанијата располага и со верига на свои клубови, сопствена печатница, музички продавници, како и познатиот Комплекс „Приказките“ во градот Харманли.
Тимот на Estrada World им посакува уште многу успеси во иднина и да продолжи нашата неверојатна соработка, каква што остваруваме од 2014-та година до денес денес.
Автор – Наташа Секуловска
Фото – Лична архива