Емилија, која е добро позната на македонската публика со својот „ангелски глас“, откако на 10-ти февруари стана мајка по трет пат и на свет ја донесе својата ќерка Жоржина ги израдува сите љубители на попфолк музиката со третиот дует со најталентираниот изведувач Денис Теофиков, чиј живот згасна на 24-ти октомври минатата година и тоа само на 21 година.
Песната „Пак ще се броиш“ повторно е претставена со минифилм и е продолжение на претходните два проекти кои му донесоа најголема слава на Денис и тоа песните „Акула“ и „Тръгвай си“ во кој покрај нив, главни улоги имаат и актерите Башар Рахал, Мариан Валев, Михаил Билалов и Кирил Ефремов, кои се погрижија видеото да изгледа како минисерија, во која љубовта има непроценлива вредност пред богатството и славата.
Емилија сподели дека покрај овој дует, да очекуваме уште еден кој ќе го носи насловот „Единствено“ и ќе ја заокружи минисеријата за која смело можиме да кажиме дека е најдобриот проект направен во соседна Бугарија за последните неколку години и до овој момент песната „Пак ще се броиш“ има над 3.000.000 прегледи е број 1 по слушаност во Бугарија.
Во прилог, погледнете го и вие:
Автор: адв.м-р Наташа Секуловска
Фото: Емилија