На 28-ми јуни својот 47-ми роденден Дивата на попфолкот – Глоријаго прослави со два музички проекти.
„Кога една жена не ја крие својата возраст, таа е задоволна со себе си и својот живот. Годината беше тешка за сите нас и се надевам нема да се повтори и отсега ќе ни се случуваат само убави работи. Верувам и знам дека подобро постои, затоа што животот е таков, каков што самиот си го правиш! А, за мене нема невозможни работи, кога сум здрава и ја имам љубовта на моите омилени луѓе, пријателите и мојата публика!“ – изјави Глоријаво својот профил на Instagram, по повод својот роденден.
![]() |
Глорија во видеоспотот кон песната „Очите не лъжат“ |
Имено, својата премиера ја направи најновата и песна која го носи насловот „Ало, как си“ и е по музика на композиторот Калин Димитров, со текст по идеја на самата изведувачка и Мариета Ангелова. Песната може да ја слушните во каналот на Глорија во YouTube. Исто така, беше претставен и видеоспотот кон песната „Очите не лъжат“, која е вклучена во нејзиниот последен музички албум „Любовта настоява“ кој излезе во декември минатата година и со тоа е добро позната на публиката, а тимот кој е заслужен за нејзиниот успех повторно се Калин Димитров, самата Глорија и Мариета Ангелова. Видеото кое е снимено во ноќниот клуб Eleven во главниот град на соседна Бугарија – Софија, е дело на режисерот Људмил Иларионов – Љуси и може да го гледате и по програмата на телевизија Планета.
![]() |
Глорија |
Во моментов Глорија се наоѓа во соседна Грција, поминувајќи го летото на убавите плажи во Неа Перамос – Кавала и за радост на љубителите на женската убавина, на повеќето фотографии кои ги сподели таа на социјалните мрежи, позира во костим за капење демонстрирајќи совршено тело, како и секогаш.
![]() |
Глорија |
Во прилог погледнете за што станува збор:
Автор – Наташа Секуловска
Фото – Костадин Крстев- Коко/Планета ТВ