![]() |
Преслава, Елена Велевска, Татијана Стефановска и Джена |
Топлото и сончево време кое примамува преку целата летна сезона, не ги остави рамнодушни ниту балканските музички ѕвезди, кои одлучија месец август да го посветат на шетање и летни одмори.
Овие денови со морски слики во социјалните мрежи активни беа многу и од бугарските музички ѕвезди, меѓу кои и Джена која се радува на Црното Море споделувајќи слики од својот одмор каде што ужива заедно со своето семејство и во друштво од блиски пријатели, додека пак дивата Глорија која оваа година исклучиво е посветена на патувањето заедно со својата најголема љубов ги обиколува пред се грчките острови насладувајќи се целосно на животот.
![]() |
Джена и Атанас Стоеви |
![]() |
Глорија |
Преслава за прв пат ужива во убавините на морето заедно со својата единаесет месечна ќеркичка Паола и сопругот Павел, споделувајќи слики на социјалните мрежи каде што покрај фактот што демонстрира одлична фигура, имаме можност да видиме и како лудо се забавуваат со сопругот, несебично покажувајќи колку вистински се сакаат.
![]() |
Преслава |
Сексапилната Румина и оваа година одлучи да летува покрај Црното Море, каде што ужива во компанијата на своето семејство, воедно демонстрирајќи сексапил и одлична фигура собирајќи енергија за новите проекти, затоа што во моментов нејзината песна „Ти си тук“ се радува на одличен прием кај публиката.
![]() |
Румина |
Но, и нашите македонски ѕвезди Татијана Стефановска и Елена Велевска одлучија да летуваат и тоа покрај Охридското Езеро и грчките острови, насладувајќи се сто проценти на животот, затоа што и покрај фактот што е лето, тие беа пренатоварени со работа, воедно подготвувајќи и многу изненадувања за есента.
![]() |
Татијана Стефановска и Елена Велевска |
Тина Ивановиќ, Маја Беровиќ, Катарина Живковиќ се само дел од пејачките кои исто така се релаксираат и уживаат во летото и морските бранови, од каде што црпат енергија за идните концерти закажани за во месец септември.
![]() |
Тина Ивановиќ, Маја Беровиќ и Катарина Живковиќ |
Автор: Наташа Секуловска
Фото: Лична архива