Румина подаде рака на нов изведувач

Румина која е добро позната на македонската публика, по нејзиниот голем хит „Жестоко“, изненади со дует со чисто ново лице во музичките води – Мути.

„Мути е многу талентиран. Со него ме запозна мојот колега Стилијан и искрено не можев да поверувам дека ова момче досега немало ниту една професионална изјава. Веднаш одлучив да му подадам рака и да запишам песна со него“ – сподели Румина ексклузивно за нас.

Парчето „Още те искам“ (Се уште те сакам) наиде на одличен прием кај публиката, затоа што Румина не изневерува на својот стил години наназад по кој е и препознатлива. Тоа е во модерен ритам, по ноти на Мути, со текст на Стилијан, додека пак аранжманот е на композиторот Мартин Биолчев.Видеото е снимано од страна на режисерот Николај Скерлев. Во него изведувачката мами погледи со својот изглед снимајќи и нова фотосесија  која ексклузивно ви ја откриваме.

 

Автор: адв.м-р Наташа Секуловска
Фото: ARA MUSIC
©Estradaworld.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *