После олабавувањето на мерките, поради состојбата со пандемијата со коронавирусот, дел од бугарските музички ѕвезди го избраа Црното Море за релаксација во слободното време, затоа што повеќе од нив се и гости по ноќните клубови и ресторани во тој дел од Бугарија во летната сезона.
Имено, Преслава после својот роденден на 26-ти јуни се упати кон морето каде што престојува со својот сопруг и ќерката Паола, радувајќи се на убавото време и слободата, а под една од сликите демонстрира фигура повеќе од одлична, а компанија и направи и нејзината сестра Ивелина Колева.
![]() |
Ивелина и Преслава |
Додека пак Џулија, која потсетуваме дека е од морскиот град Варна, исто така ужива таму заедно со својот сопруг Кристијан, а Галена пак одлучи во заливот Св. Константин и Елена да ја сними и својата најнова фотосесија, за својата модна куќа.
![]() |
Галена |
Јуноначестопати е гостин по плажите, заедно со својата ќерка, а Емрах и Ариа исто така не пропуштија да се прошетаат и да споделат свои слики запечатувајќи ги убавите спомени од летото, а вооедно поткрепувајќи го бугарскиот туризам кој исто така беше најпогоден со коронавирусот.
Автор: м-р Наташа Секуловска
Фото: Лична архива/ Планета Тв