![]() |
Лорена |
Лорена изненади со чисто нова песна, која беше долгоочекувана од страна на нејзините обожователи и смело можиме да кажиме дека е веќе вистински хит.
Таа го носи насловот „Грозен край” и е по музика на композиторот Јорданчо Василкоски – Оцко, со текст кој ја доловува сутината на една љубов недоиживеана, која остава длабоки траги кај емоциите на секоја жена, а е по идеја на Александар Попов и Петар Петров. Како режисер на видеото се потпишува продукцијата Buddubbaz Tape Compan, односно Стефан Маринов, а за време на снимањето пејачката сними и нова фотосесија која екслузивно за прв пат ви ја покажуваме во делот Галерија, а е дело на фотографот Викторија Сираков.
„Најважно е да се претстави квалитетна продукција. Публиката има свој вкус и таа решава што ќе се слуша и смело можам да кажам дека не е потребно да бидат познати автори, ние имаме многу талентирани композитори и писатели. Повторно велам дека желбите на публиката се најважни и од нив зависи колку едно парче ќе биде прифатено и затоа ние се трудиме да предложуваме песни по нивни вкус“ – сподели таа екслузивно за нас.
Во прилог, погледнете за што станува збор:
„За ГРОЗЕН КРАЙ, Любов, ти се моля…
Не ме наричай повече твоя
Дори да питат “Кой се обажда?” Ще кажа: Един нещастник, просто досажда…“
Автор – Наташа Секуловска
Фото – Викторија Сиракова