„Приятели“ (Пријатели) е најновата песна на бугарската дива Теодора, добро позната на македонската публика со своите хитови од златната доба на попфолкот во соседна Бугарија.
Песната е авторско дело на самата изведувачка, во која учество земаат и Јордан Гергов и Мартин Биолчев и ја направи својата премиера во официјалниот YouTube канал на Фен ТВ, како и по нивната програма.
Видеото е снимено во градот Фолсом – Калифорнија, каде што Теодора живее повеќе години, а во него имате можност да видите кадри од нејзината куќа, како и паркот во комплексот каде што најчесто оделува време за прошетка. Во видеото учество зема и Дано, актер во една од најголемите компании за таленти во САД и истото е реализирано од страна на Doodad studio.
Напоменуваме дека таа има подготвено цел албум со баладични песни, од кој на публиката добро и се познати песните „Страх ме е от любовта“ , „До последен дъх“ и „Ангел без криле“, и се очекува да излези наскоро на музичкиот пазар.