(Видео) Александра Младеновиќ открива која песна и е најомилена од новиот албум

Александра Младеновиќ важи за една од најпознатите пејачки во соседна Србија, која ова лето успеа да ги сруши рекордите на слушаност со своите најнови песни на радиостаниците и по клубовите, а  кои се дел од нејзиниот нов албум кој го носи насловот „Представа“.

Пејачката во свое интервју за republika.rs  откри која песна и е најомилена од новиот албум:

„Нов албум, нова Александра.   Александра од првиот албум созреа и мојата автобиографска песна „Нож во грбот“  излезе пред албумот „Представа“. Таа песна ми е најомилена, затоа што за сите сум добра, освен за себе си. Направив едно чистење, селекција и сега можам да видам кои ми се пријатели, а кои не ми се“.

Имено, на нејзиниот албум ќе уживате во одлични балади, брзи песни, но и песни во духот на народната музика по кои Александра е препознатлива и овој албум претставува уште еден бисер во нејизната кариера, кој го докажува успехот кој го има постигнато до овој момент.

Во прилог, погледнете за што станува збор:

Автор: Наташа Секуловска
Фото: Александра Младеновиќ
©Estradaworld.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *