Кој е вашиот фаворит од новиот албум „Девет животи“ на Александра Пријовиќ

Aлександра Пријовиќ важи за една од најпознатите српски пејачки на музичката естрада. Нејзиниот нов музички албум „Девет животи“ доживеа голем успех оваа лето и неговите песни бројат милионски прегледи на Јутуб, а исто така се едни од највртените и по клубовите и радиостаниците низ целиот Балкан.

Доказ за неговата популарност е и фактот што пејачката закажа цели три солистички концерт во Арената „Штарк“ во Белград, Србија за деновите 28- ми, 29-ти и 30-ти септември, а потоа продолжува со турнејата во Сараево, Босна и Херцеговина кога е закажан концерт за ден 28-ми октомври и до овој момент е закажан и концерт во Загреб, Хрвстака за ден 2-ри декември.


Александра ова лето беше чест гостин по клубовите и дискотеките ширум Европа, како и низ Македонија каде што публиката имаше можност да ужива во жива изведба на нејзините најнови песни кои се веќе тотални хитови и албумот предизвика еуфорија и со тоа што пејачката за прв пат прикажува делови од својот приватен живот, на кои ќе имате можност да го видите нејзиното семејство, малиот син и сопругот.
Во прилог, погледнете го:

Автор: Наташа Секуловска
Фото: Александра Пријовиќ
©Estradaworld.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *