Саша Ковачевиќ ги руши рекордите со песната „Грешка“

Саша Ковачевиќ, важи за еден од најпознатите поп пејачи во соседна Србија, но и низ целиот Балкан. На македонската публика добро и е познат и по тоа што има одржано два големи незаборавни концерти во Арената „Борис Трајковски“ во Скопје, изведувајќи ги своите хитови песни кои оставија длабока трага во музичката историја, а секое лето гостува и низ македонските клубови.

Тој пред неколку дена ја претстави песната „Грешка“, која освојува со својот звук, текст и видео снимени во Баку, Азербеџан во кој главната улога ја има Саша и преубавата  Софија Јекиќ.

Како автори на музичкото парче кое него повторно го искачи на врвот, не само во соседна Србија, но и кај нас, а песната се врти по сите радиостаници е дело на браќата Ковачевиќ и Милан Милетиќ, додека пак видеоспот го потпишуваат Мартин Макариев и  SK Media.

Исто така, Саша најави уште една песна, која се очекува да излези наскоро и ќе го носи насловот „Среќна во новата љубов“.

Во прилог, погледнете за што станува збор:

Автор: Наташа Секуловска
Фото: Youtube
©Estradaworld.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *