![]() |
Маја Беровиќ |
Босанската поп пејачка Маја Беровиќ ги израдува своите многубројните обожователи со две нови песни „Улога“ и „Змај“.
Низ годините пејачката остана верна на добриот стил и прецизен музички избор на песните кои ги претставува, а „Улога“ и „Змај“ ја продолжуваат таа линија. Песните веднаш регистрираа многубројни прегледи на YouTube откако беа презентирани на 4-ти ноември во официјалниот YouTube канал на Маја, а нејзините обожователи веднаш побрзаа да ја пофалат за добрите проекти и дека секогаш пријатно ги изненадува.
Песната „Улога“ е по музика и текст на Јала Брат, Буба Корели и Игор Бузов, со аранжман на Марко Драгиќ – Пабло и Римда, додека пак „Змај“ е дело на Јала Брат и Марко Драгиќ – Пабло.
Видеата ги изработи Toxic Entertainment, а во кои Маја изгледа поубаво од секогаш, демонстрирајќи одлична фигура. Во прилог може да ги погледнете песните и да процените сами, дали истите ќе станат вистински хит на Балканот.
Автор – Наташа Секуловска
Фото – Дејан Величковиќ – www.dvisualart.mk
Лична архива