![]() |
Кирил Атанасов и Данна |
Кирил Атанасов и Данна, двете од новите имиња во музичката компанија „Пајнер“ во соседна Бугарија, ги обединија своите таленти во нивниот прв заеднички дует кој носи наслов „Как ще си простиш“ ( Како ќе си простиш).
Идејата за нивната заедничка соработка потекнува од Кирил Атанасов кој за прв пат се појави по телевизија „Планета“ во март месец оваа година, а после тоа направи соработки со неговите колешки Јунона и Тања Маринова.
Песната „Как ще си простиш“ ( Како ќе си простиш) е по музика на композиторот Мартин Биолчев, а текстот е на Јордан Гергов. Режисер на видеоспотот е Николај Скерлев, во кои двата изведувачи се справија одлично со своите актерски задачи.
Во прилог погледнете ја песната:
Автор – Наташа Секуловска
Фото – Планета Тв