Елена Јовческа важи за Амбасадор на нашата култура и традиција која со помош на музиката и со свирењето на нашите изворни музички инструменти како гајдата и зурлата, стана ценета и барана кај нашинците во странство. Покрај многубројните настапи овој период и успешната турнеја во Австралија, таа деновиве успеа да сними нова фотосесија.
„Отсекогаш ме фасцинирале професионалци во работата, се додека самата од себе не направив професионалец каков што гледате денес!“– сподели за нас Елена.
Под објективот на фотографот Бојан Стоилковски застана Елена, заедно со девојките од EN Beauty Натали Павловиќ, Марија Саздовска и Теа Гаревска– кои се дел од новоoтворениот салон за убавина со локација во срцето на Аеродром, Скопје.
Во прилог, погледнете ексклузивен дел од фотосесијата:
Автор: адв.м-р Наташа Секуловска
Фото: Бојан Стоилковски
©Estradaworld.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон