Огромен интерес кон турнејата на Сања Ристеска во Австралија

Сања Ристеска е една од имињата на македонската естрада кои смело воведуваат иновативен дух во современиот попфолк. За кратко време стана ценета и барана кај нашинците во странство, вооедно редејќи хит зад хит,  а во моментов се наоѓа на голема турнеја во Австралија.

До овој момент во Мелбрун,  одржа одлични концерти со преполни сали, а картите веќе беа одамна распродадени и секогаш се бараше карта повеќе за нејизниот настап, за што сведочат многубројни видеа и слики низ социјалните мрежи. Публиката повторно го покажа силниот темперамент и почитта кон македонските изведувачи, веселејќи се цела вечер и пеејќи заедно со неа, сѐ до раните утрински часови.

„Благодарам на сите кои до овој момент присуствуваа на моите концерти во Австралија. За мене беше чест да пејам ,затоа што секогаш кога ќе заминам на турнеја, од неа се враќам со позитивни впечатоци, пренесувајќи ја македонската музика насекаде низ светот“. – сподели Сања екслузивно за нас.

За „најлудата ноќ“ таа ќе пее повторно пред публиката во Мелбурн, каде што има закажано настап  во “Grand Neret Reception“ и веќе има подготвено посебна музичка програма со која  планира да пренесе многу свежо расположение во срцата на сите гости на забавата.

Автор: адв.м-р Наташа Секуловска
Фото: Сања Ристеска
©Estradaworld.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *