Емануела е една од најпознатите бугарски пејачки, чија кариера започнува во 2006-та година со хитот „Ништо машко“ и преку ноќ ја претвори во музичка ѕвезда. Таа важи за пејачка која со својата харизма и талент ги освои срцата на публиката и до днес денес продолжува да биди едно од топ имињата во попфолкот во соседна Бугарија, а македонската публика добро ја знае и по нејзините настапи кај нас и учеството на музичките манифестации.
“Станав пејачка на шега. На моите родители им реков дека учам медицина, но јас во истото време направив неколку песни и одев на преслушување. Криев од моите дека потпишав договор со музичка компанија. Тие кога разбраа за тоа, скоро четири години не ми зборуваа“ – изјави Емануела во интервју за БТВ во емисијата „Живот по вистинска приказна“ .
Таа се потсетува на нејзините почетоци, дека нејзиното уметничко име Емануела е избрано сосема случајно од неа.
„Во канцеларијата на фирмата дојде весник, кон кој имаше цеде од филмот „Емануела“ и јас одлучив тоа да биде мојот псевдоним“.
Потсетуваме дека таа се вика Емилија и стана за прв пат мајка на нецели 18 години, а во моментот е целосно постевена околу грижите на нејзиниот мал син Митко кој веќе започна да оди и на училиште, балансирајќи ги своите работни обврски, со грижата околу децата. Исто така, таа може да се пофали и со огромен број на следбеници на социјалните мрежи и неодамна достигна и до еден милион следбеници на социјалната мрежа Инстаграм, а неодамна отвори и своја продуцентска куќа.