![]() |
Данна |
Данна е најмладата пејачка во музичката продукција „Пајнер“ во соседна Бугарија. Таа е родена на 4 јуни 2004 година и како што споделува и самата за нас, уште од 4 или 5 години ја пеела песната „Шампанско и солзи“ на нејзината колешка Ивана и оттогаш се родила нејзината желба за музика. Години покасно кога е на 10 години достигнува до првиот круг на конкурсот за Детска евровизија во Бугарија, а на публиката им е добро позната од емисијата „Шоуто на Слави“.
Вчера таа, точно на својот 16-ти роденден ја претстави својата прва самостојна песна која го носи насловот „Той” (Тој), за кој проект имаше споделено дека се подготвува уште минатата година и истиот веќе се врти по програмата на телевизија Планета:
„Самостоен проект започнувам после излегувањето на дуетот со Десита и се надевам работите ќе излезат како што треба.Сакам да создавам модерна музика, да се памти, музика со мој отпечаток. Онаа музика која ќе продолжи да се слуша.“
![]() |
Среќен роденден Данна |
Песната е авторско дело на нејзината колешка Десита, со аранжман на Дејан Ассенов, додека пак за видеото се погрижи Људмил Иларинов – Љуси, со камерман Георги Марков. Во него Данна е посмела од секогаш и имаме можност да ја видиме во доста провокативно светло, за кој изглед доби само позитивни коментари.
Исто така, пејчката сними и екслузивна фотосесија заедно со Викторија Сиракова, а дел од неа ви претставуваме во делот Галерија.
Автор – Наташа Секуловска
Фото – Викторија Сиракова/ Планета ТВ