Румина беше специјална гостинка на првите TikTok Awards

Музичката ѕвезда на Ara Music – Румина, беше специјално поканета да биди гостинка на наградите TikTok Awards кои се одржаа во познат клуб во срцето на Софија. На настанот присуствуваа многу и од нејзините колеги како Кирил Атанасов, Стилијан, Валентина Кристи…

Таа ги поздрави присутните со својата последна песна „Още те искам“, која е во дует со Мути.

„ За мене беше голема чест да бидам дел од првите TikTok награди, затоа што и самата сум „запалена“ по социјалната мрежа. Сакам да го поминувам слободното време таму, да ги следам трендовите и да создавам работи со кои сум поблиска со своите обожователи“ – изјави Румина.

Автор: адв.м-р Наташа Секуловска
Фото: Ara Music
©Estradaworld.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *