Бони и нејзината ќерка Миа Михаела го претставија својот прв дует, кој го носи насловот „Чакали“, а кој може да го погледнете во официјалниот канал на пејачката во YouTube – Boni (Official). Песната предизивика лавина од коментари низ социјалните мрежи, со оглед на фактот дека е прва песна на Миа Михаела, за која смело можиме да кажиме дека се справи одлично.
„Подготвувам нов албум за кој ви спомнав, но уште не е готов. Во него сакам да вклучам и народни песни. А, имам готови и други нови песни, но една веќе ми е целосно спремна и да ја очекувате уште овој месец . Таа пак ќе има една забавна нота и носи многу расположение и една порака кон сите оние кои си го прават животот сложен, да престанат со тоа, и да започнат да уживаат во него“ – сподели за нас Бони пред неколку дена во ексклузивното интервју.
Автор: адв.м-р Наташа Секуловска