Бугарската пејачка Ивана вчера ја претстави својата нова песна. Во прашање е балада, која е во дует со Васил Иванов.
Песната е со наслов „Ех, љубов“ и е по музика на Петар Беков, аранжман на Спас Лазаров, додека пак текстот е дело на Мариета Ангелова.
-„Тоа е една многу убава песна, која ја подготвував долго време – нешто, кое е многу блиску до мене! Тоа е мојата музика, тоа сум јас“ – сподели Ивана за Планета ТВ.
Веднаш по премиерата на песната, фановите на пејачката побрзаа да ги споделат своите воодушевувања од новиот проект, а дали на тоа мислење сте и вие ќе научиме од вашите коментари.
Автор: Наташа Секуловска