„Очите ти, красивите“ е најновиот музички предлог од Роксана за оваа есен

Роксана важи за една од најпознатите пејачки, не само во соседна Бугарија, но и низ цела Европа, редејќи хитови песни, кои се едни од најслушаните во моментов.

Таа изненади повторно со нова песна „Очите ти, красивите“ снимена покрај Црното море на Златни песоци од страна на Радина Миленчева, а е дело на композиторот Костас Павлидис, со аранжман на Мартин Биолчев, со  текст напишан од самата изведувачка.

„Очите ти, красивите“  ја направи својата официјална премиера во каналот на ѕвездата во YouTube – Roksana Music Channel, но и во програмата  на телевизија Планета, каде што неодамна двата продуценти на двете компании Payner и Grand music studio, потпишаа договор за соработка.

Во прилог, погледнете го најновиот музички предлог од Роксана за оваа есен:

Автор: адв.м-р Наташа Секуловска

Фото: Роксана

©Estradaworld.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *