Бугарската ѕвезда Глорија предизвика интерес кај многубројните обожователи и посочи за нов видеоспот, откако на социјалната мрежа Instagram во нејзиниот официјален профил сподели кадар од видеото снимено во Рим, Италија.
Песната се вика „Кадифе“, а пејачката засега не открива повеќе детали околу нејзината премиера и кои се нејзините автори, но после мегахитот „Просто съвършени“ со Тони Стораро оваа година, овој музички проект нејзините обожователите го очекуваат со големо нетрпение.
Во меѓувреме Глорија реализира низа концертни настапи низ цела Бугарија, кои беа проследени со голем интерес, а концертите продолжуваат и понатаму во месец ноември, каде што на 19-ти ноември таа ќе биде специјална гостинка во Лешен, Благоевград, а местото на забавата е запазено за комплекс „Родопски кът“.
Автор: адв.м-р Наташа Секуловска
Фото: Глорија
©Estradaworld.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.