Новото музичко парче на бугарската ѕвезда Ивана ft. Васил – “Кралете” веќе е факт во официјалниот YouTube канал- Planeta Official и Planeta TV, а мелодијата од прво слушање им се допадна на нејзините обожователи.
Ивана повторно покажа дека знае како да провоцира со текстовите на своите песни, исто така и со своето однесување пред камерата.
Но, таа откри пред камерата на Планета Тв и детали за другата песна “Мога и без теб“, чија премиера наскоро претстои. Според зборовите на пејачката таа е брза, различна како звук и со интересен текст кој ќе собере голем интерес, бидејќи е посветена на група луѓе кои треба да се препознаат во неа.
Автор – Наташа Секуловска