Бугарската пејачка Сиана вчера ја претстави својата нова песна “За големия“, во која заложи на мала провокација, која имено стана нејзин заштитен знак во последните неколку нејзини спотови.
Песната е дело на композиторот Даниел Ганев, додека пак за текстот се погрижи Петја Радева.Режисер на видеото е Николај Скерлев, за кое Сиана споделува дека иако снимале над 30 часа вредело, затоа што нејзините фанови се задоволни од новиот проект и споделуваат дека со сигурност ќе стани еден од хитовите на летото.
“Повторно провоцирам со нешто поинакво – овој пат песната од почеток до крај звучи како рефрен, држи едно ниво“ – изјави таа.
Автор: Наташа Секуловска