За својот роденден Саша Ковачевиќ крена “Temperatura”!

Денес – 27 јули, точно за својот роденден познатиот српски пејач Саша Ковачевиќ им подари на сите свои фанови најнов музички проект „Temperatura”.

Парчето беше презентирано пред неколку минути, и веднаш успеа да го привлечи вниманието на публиката и да се регистрира како најгледано во регионот. Тоа дава до знаење  дека овој проект, освен видеосензацијата  низ мрежите  ќе биди и еден од хитовите на Лето 2016.

Вo спотот учествуваат и многу статисти од Куба, кои се справуваат одлично со актерските задачи. Главната женска улога беше доверена на преубава девојка од Куба, каде што е сниман спотот, а каде што таа покажа и завиден актерски талент.
Парчето е дело на Саша Ковачевиќ и неговиот брат Раде Ковачевиќ, додека пак текстот е на Милош Рогановиќ, а како режисери на интересното видео се потпишуваат  Luis Y. Santana & Pedro Vazquez.

Estrada World му посакува среќен роденден на Саша Ковачевиќ, и многубројни хитови. 
Автор- Наташа Секуловска

22 thoughts on “За својот роденден Саша Ковачевиќ крена “Temperatura”!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *