Една од најпознатите бугарски попфолк ѕвезди Теодора,после долгата музичка пауза, се врати на музичката сцена со силна балада, која доби наслов „До последен дъх“.
Песната е дело на композиторот Дидо Калпаков, додека пак силниот текст го напиша Јордан Георгов. Видеоспотот кој е на светско ниво е снимен на една од најмистериозните локации во САД, државата Невада.
„Сакав да направам едно сосема различно видео, во кое ќе ја покажам убавината на пустината и затоа го избрав тоа место, кое е во близина на Лас Вегас -мојот омилен град“- сподели Теодора.
Видеото кон баладата може да го погледнете во ефирот на на Fen како и во YouTube каналот FEN TV BG.
Автор – Наташа Секуловска
Фото – Diapason records