„До три“ е најновото парче на Татјана, кое ја доби својата премиера пред неколку дена. Како и секогаш пејачката на фановите им подари доста смела песна, исполнета со огромна доза на сексапил и провокација.
“Провокацијата во спотовите ми е задолжителна – сакам секој пат да влегувам во различни улоги, а не само да покажувам еден убав изглед. Немам видео снименопод 20 часа. Подготовките секогаш се многу големи, а и напорот е премногу. Работам со доста луѓе и сите заедно сме зависни еден од друг, но најлесните работи не се мој вкус. Секогаш ги избирам потешките за реализација на нештата, како во музиката, така и во спотовите, исклучиво и само поради моите обожаватели. Бескрајни благодарности повторно на целиот тим и сите кои вложиха дел од себе во него “, сподели Татјана.
Песната е дело на композиторот Оцко, додека пак за текстот се погрижи самата пејачка. Провокативниот спот е на режисерот Јордан Петков, а дали ви се допаѓа ќе научиме од вас.
Автор: Наташа Секуловска