Емилија е во очекување на своето второ дете, а се до неговата појава таа ужива во летото и убавите моменти поминати со нејзиниот син Иван и нејзиното семејство.
Ѕвездата иако е во напредната бременост, често пати патува до Југозападна Бугарија, до нејзиниот омилен град Сандански.
“Ватерполо ….. гр. Сандански! Дамите ги гледав, не мажите! ” напиша со насмевка пејачката, а нејзините фанови знаат дека водените спортови се традиција во семејството на Емилија.
Имено, нејзините две последни песни “California” и “Специално за всяка” секоја вечер се вртат по клубовите низ соседна Бугарија, а паралелно со тоа пејачката не ги заборава нејзините фанови и секојдневно им споделува непокажани слики од нејзините проекти.
Автор- Наташа Секуловска
Фото – Планета Тв